Маурицио Покетино повеќе не е тренер на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен. Парискиот клуб за ова денес преку соопштение ја информира јавноста.
– Нашиот клуб потврдува дека го завршивме нашето партнерство со Покетино. Им благодариме на Маурицио и на неговиот стручен штаб за нивната работа и им посакуваме се најдобро, се вели во соопштението на парижаните.
Покетино официјално го презеде ПСЖ во јануари 2021 година и на лето го продолжи договорот до 2023 година.
Педесетгодишниот Аргентинец со клубот го освои Купот и Суперкупот на Франција, како и шампионската титула оваа сезона. Во 1/8-финалето на актуелната Лига на шампиони, ПСЖ загуби од Реал Мадрид (1:0, 1:3).
Се очекува денес ПСЖ да одржи прес-конференција, на која со голема веројатност ќе биде објавено именувањето на Кристоф Галтие за нов селектор на тимот.