Руте: „Отворен Балкан“ ја забрзува европската интеграција на регионот

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во Европската унија.

На заедничката прес-конференција во Амстердам со албанскиот премиер Еди Рама, тој рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“.

Тој посочи дека ќе препорача секоја платформа која ќе го обедини Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесува Танјуг, повикувајќи се на приштинските репортери.

„Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, рече Руте.

Треба да знаете
Последни објави