Да се изолираат полициските инфилтрати на Спасовски и лица со маски, тема на протестот е асимилација од Бугарија на Македонија

Осудуваме секаков вид на насилство и секоја форма на провокација која доведува до насилство. Темата за која протестира народот е бугаризација и асимилација која ја прави владата. Апелираме да не се подлегнува на насилното сценарио на власта и вечер повикуваме да се изолираат полициските инфилтрати на Спасовски и лица со маски кои не се дел од протестот туку уфрлени провокатори.

Наместо Спасовски и Ковачевски да бидат аналитичари на протестот нека си ја вршат работата и нека ги отстранат провокаторите кои имаат за цел дефокус. Осудуваме и секаков вид бруталност врз недолжни граѓани

Вечер во 19 часот, пред влада, ултиматум не благодарам!

Треба да знаете
Последни објави