Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и британската контраразузнавачка служба МИ5 денеска оценија дека Кина претставува најголема долгорочна закана за западните земји.
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј и неговиот колега од МИ5, Кен МекКалум, на заедничка конференција рекоа дека службите на двете земји „постојано забележуваат” дека потезите на кинеските власти ја загрозуваат „економската и националната безбедност” на двете земји, како и на земјите во Европа и ширум светот.
Тие додадоа дека Кина е решена да краде технологијата од западните компании.
Реј рече дека обидот на Пекинг да го заземе Тајван со сила ќе биде „едно од најужасните нарушувања на деловниот свет” што некогаш се случило.
„Како и во Русија, долгогодишните западни инвестиции би можеле да бидат заложници, капиталот може да се изгуби, а синџирите на снабдување и односите би можеле да бидат нарушени”, рече Реј.