Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос за прв пат во својата кариера ќе игра во полуфинале на еден гренд слем турнир откако денеска во три сета 6-4, 6-3 и 7-6 го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин на Вимблдон. За овој историски успех во кариерата на Кирјос му беа потребни за два часа и 15 минути игра на тревната подлога на „неофицијалното светско првенство“.
Австралискиот тенисер пред овој меч пласман во четвртфиналето му беше најголем успех, а сега ќе има прилика да се бори за големото финале со подбриот од дуелот Фриц – Надал.
Иако имаше слаб старт со загубен гем на свој сервис, Кирјос се врати од негатива од 3-1 и го освои првиот сет со 6-4 откако возврати со два брејка. Многу полесно помина во вториот сет, а за победата мораше доста да се измачи. Гарин се избори за тајбрејк и во еден момент водеше со 5-3, но Кирјос повторно изрежира пресврт и го доби тајбрејкот со 7-5.