Институтот за демократија, човекови права и дигнитет го осудува досегашното насилство врз полициските службеници кои посветено и професионално се грижат за јавниот ред и безбедноста на државата.
Апелираме до демонстрантите да се воздржат од примена на секаква форма на насилство за време и по организираните протести.
Повикуваме да надвладее разумот и добрата волја, а престојните протести да поминат мирно и достоинствено. Исто така, ги предупредуваме граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации и манипулации кои доаѓаат од деструктивни структури.
Решенијата за општествените проблеми треба да бидат постигнати низ процес на дијалог и во рамки на државните институции, а не преку примена на насилни методи.