Разрешен в.д. директорот на Комунална хигиена Скопје

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена – Скопје, се вели во писмената рекација од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовски. Разрешувањето доаѓа како рекација на приведувањето на неговиот брат  Е.Ј.(40) од Скопје, бидејќи пукал од пиштол додека група демонстранти се движеле од Владата кон Министерството за надворешни работи.

-Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност.

Треба да знаете
Последни објави