Движењето БЕСА го осудува насилниот облик на протести кои се одржуваат во Скопје, особено во текот на вчерашниот ден и вечерва.
Движењето БЕСА го осудува вандалското однесување врз приватниот имот во скопската чаршија и ги повикува сите страни да го зачуваат мирот и јавната безбедност.
Насилните протести ги кршат правата на другите граѓани и ја зголемуваат несигурноста во државата. Во континуитет, Албанците до сега беа жртви на разни инсценации од страна на сите власти, затоа апелираме до надлежните да реагираат професионално и брзо за да се зачува мирот, безбедноста и имотот на граѓаните, за да нема дилема дека ваквите случаи имаат друга позадина, повторно за некое инсценирање на грбот на албанците.
Ги покануваме и сите политички актери во земјата, во овие важни моменти од евроинтеграциската ориентација, сите да дадеме се од себе за да го зачуваме мирот и стабилноста на земјата, како и да дадеме максимален придонес за забрзување за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.