Исланд прв го ратификува членство на Шведска и Финска во НАТО

Исланд е првата земја од НАТО што го ратификуваше членството на Финск и Шведска во Алијансата –  исландскиот парламент однапред даде согласност во јуни, објави финскиот портал за јавен сервис „Иле”.

Откако исландскиот претседател Гудни Торлациус Јоханесон потпиша денеска, документите за ратификација беа испратени до американскиот Стејт департмент.

Одлуката за ратификација на протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Финска и Шведска денеска треба да ја донесе естонскиот Парламент.

Постојаните претставници на земјите-членки на НАТО го потпишаа пристапниот протокол во Брисел, а по потпишувањето, членките на Алијансата мора да го ратификуваат протоколот во согласност нивното законодавство.

Треба да знаете
Последни објави