Кирјос ќе игра прво гренслем полуфинале во кариерата

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос за прв пат во својата кариера ќе игра во полуфинале на еден гренд слем турнир откако денеска во три сета 6-4, 6-3 и 7-6 го совлада Чилеанецот Кристијан Гарин на Вимблдон. За овој историски успех во кариерата на Кирјос му беа потребни за два часа и 15 минути игра на тревната подлога на „неофицијалното светско првенство“.

Австралискиот тенисер пред овој меч пласман во четвртфиналето му беше најголем успех, а сега ќе има прилика да се бори за големото финале со подбриот од дуелот Фриц – Надал.

Иако имаше слаб старт со загубен гем на свој сервис, Кирјос се врати од негатива од 3-1 и го освои првиот сет со 6-4 откако возврати со два брејка. Многу полесно помина во вториот сет, а за победата мораше доста да се измачи. Гарин се избори за тајбрејк и во еден момент водеше со 5-3, но Кирјос повторно изрежира пресврт и го доби тајбрејкот со 7-5.

Треба да знаете
Последни објави