Нојер се „вљуби“ во Хрватска и тргна на пат со велосипед

Голманот на фудбалскиот шампион во бундеслигашката конкуренција Баерн и на германската репрезентанција, Мануел Нојер ги започна подготовките за новата сезона предвреме и тргна во најголемата авантура во неговиот живот, од Минхен до Хрватска со велосипед.

Нојер „се вљуби“ во Хрватска и три години по ред одмораше во Дубровник. Голманот на Баерн пред еден месец одмораше во Дубровник, а сега одлучи повторно да се врати, само со друго превозно средство.

-Мојата претсезона пред претсезоната. Одлични момци и возење велосипед до Хрватска. Одиме! – напиша Нојер на својот профил на Инстаграм.

Голманот во Хрватска ќе остане неколку дена, а неодамна откри дека е воодушевен од убавините на Далмација.

Треба да знаете
Последни објави