На 05.07.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 09.00 до 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано „Прентов мост” и место викано „Тунели”, патничко моторно возило „фолксваген туарег”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.
На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукциja.