Над 100 луѓе се евакуирани од поплавените згради и возила во вчерашното невреме во Србја и Белград, а изгаснати се 20 пожари.
Во сите интервенции беа ангажирани околу 230 пожарникари, спасувачи, 100 возила и 33 пумпи за вода, информираа од српското министерство за внаршени работи во синоќешното невреме проследено со обилни врнежи од дожд кое го зафати белград и Србија.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во вторникот попладне и навечер им помогнаа на своите сограѓани, загрозени од последиците од силното невреме што ја зафати Србија. Во соопштението на МУП се наведува дека припадници на Одделението за вонредни состојби имале 91 интервенција низ државата, од кои 20 се пожари, од кои најголем дел од громови во Белград, Краљево и Сјеница.
– Сите пожари се изгаснати, а нема повредени. Пожарникарите спасија 10 лица од поплавени згради и возила – се наведува во соопштението од српското МВР.
Во сите интервенции биле ангажирани околу 230 пожарникари, спасувачи, 100 возила и 33 пумпи за вода.