Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Советот за социјална сигурност, денеска ја одржа првата конститутивна седница во Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање до членовите на Советот ја истакна улогата на овој Совет која е од големо значење за заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија, преку преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

 

„Подобрувањето на квалитетот на живот на старите лица и обезбедување достоинствена старост е еден од приоритетите на Владата на Република  Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока се сите политики и мерки кои заедно со граѓанскиот сектор, ги креираме и имплементираме,“  истакна Тренчевска.

 

Таа се осврна на последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе нова методологија на усогласување на пензијата, а ќе започне со исплатата на септемвриските пензии. Согласно измените, пензиите ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот.

 

Согласно дневниот ред на денешната седница, се изврши избор на претседател и заменик претседател на Советот за социјална сигурност. За претседател на Советот е избран д-р Стојанче Стефановски, а заменик претседател Станка Трајкова.

 

На седницата беа изгласани и Измени на Деловникот за работа на Советот за социјална сигурност, согласно кои седниците ќе се свикуваат најмалку еднаш во годината, замена на отсутен член на Советот и седниците ќе ги отвора претставник на Министерството за труд и социјална политика.

 

Пред присутните членови на Советот беше образложена и Информацијата за состојбата со средствата за Солидарен фонд, согласно која средствата за посмртнина кои се исплаќаат од Солидарниот фонд, изминатиот период беа намалени, ќе се враќаат кај граѓаните. Притоа беше образложено дека, настаната ситуација е резултат на зголемениот број на починати пензионери во време на пандемија. При што, Одборот на регистрирана организација за Солидарен фонд донесе времена одлука за зголемување на износот за задршка за посмртна помош и намалување на средствата за исплата за посмртнина на 25.000 денари. Со право на исплата од 5000 денари до редовна исплата од 30.000 денари. Разликата од 5000 денари ќе започне да се исплаќа со јулската исплата на пензии.

 

Министерката Тренчевска на членовите на Советот им посака плодни и конструктивни седници на ова значајно тело чија цел е заштита и унапредување на социјалните права и интереси на корисниците на пензија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави