Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава ќе ја промовира мобилната апликација Bebbo за поддршка на родители и старатели на деца од 0 до 6 години, која им нуди сеопфатни и проверени информации и интертактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата.
-Оваа бесплатна апликација ја изработи Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Во Северна Македонија, УНИЦЕФ, во соработка со Институтот за јавно здравје, заедно со стручњаци од различни области на раниот развој на децата, го прилагоди материјалот на потребите на корисниците во земјата на македонски и на албански јазик, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Воведни обраќања е најавено да имаат претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани и министрите за здравство, образование и наука и за труд и социјална политика – Беким Сали, Јетон Шаќири и Јована Тренчевска.