Во владата на британскиот премиер Борис Џонсон, пет државни секретари и потсекретари денеска преку заедничко писмо објавија дека поднесуваат оставки.
„Ја имавте најтешката задача во една генерација. Се восхитуваме на вашата цврстина, издржливост и траен оптимизам. Со право можете да се гордеете со значајните одлуки кои, со заедничка акламација, сте ги направиле исправни. Меѓутоа, станува се појасно дека владата не може да функционира со оглед на прашањата што излегоа на виделина и начинот на кој тие се постапуваа. Со добра волја мораме да побараме, за доброто на партијата и државата, да се повлечете”, се наведува во писмото до премиерот.
Државните секретари Ками Беднок и Џулија Лопез и парламентарните потсекретари Нил О’Брајан, Алекс Бургарт и Ли Роули поднесоа оставки.
Сега бројот на членовите на британската влада кои поднесоа оставки се зголеми на 27.