Еднократна снимка на легендарниот музичар и поет Боб Дилан се очекува да достигне цена од 1 милион фунти кога ќе се најде на аукција на „Кристи“ в четврток.
Дискот содржи нова верзија на класикот од 1963 година Blowin’ In The Wind, химна на антивоеното движење и движењето за граѓански права во САД.
Според многумина, Blowin’ In The Wind е песна на една цела генерација.
Новата верзија била направена во март 2021 година со неговиот долгогодишен соработник Боун Барнет.
„Се чувствував свето“, изјави тој за Би-би-си њуз. „Секогаш ми е свето да свирам со Боб – и мислам дека тоа го направивме во еден потег, ако не се лажам.“
Дилан, кој го револуционализираше пишувањето песни, често користејќи поезија и хумор за да искаже социјален протест, се смета за најголем текстописец на сите времиња.
„Пикасо на музиката“, рок- револуционерот Дилан во 2016 година доби Нобелова награда за литература за „создавање нови поетски изразувања во рамките на величествената американската традиција на песната“.