Железничкиот сообраќај во Франција е во прекин поради штрајкот за повисоки плати

Штрајкот на железничарите кои бараат повисоки плати поради зголемените трошоци за живот, денеска го прекина железничкиот сообраќај во Франција.
Националната железничка компанија СНЦФ соопшти дека еден брз воз  е откажан, додека регионалните услуги, како што се приградските возови во регионот на Париз, се во прекин.

Во соопштението се наведува дека се очекува денеска повторно нормално да сообраќаат меѓународните линии, вклучително и возовите на Еуростар за Лондон и возовите на Талис за Брисел.

Синдикатите на железничарите повикаа на еднодневен штрајк. За денеска е закажана средба меѓу синдикатот и раководството на СНЦФ.

Синдикатите во соопштението велат дека сакаат „општо зголемување на платите барем еднакво на зголемената инфлација” по 10-годишното замрзнување на платите.

Треба да знаете
Последни објави