Во Грција денеска е регистриран првиот смртен случај што се поврзува со мистериозниот детски акутен хепатитис од непознато потекло, а станува збор за 13-месечно бебе, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во соопштението објаснуваат дека бебето било хоспитализирано во приватна клиника, испитувањата покажале откажување на црниот дроб и церебрален едем, а и покрај напорите на лекарите, починало.
Во Грција, според ЕОДИ, се регистрирани вкупно 11 случаи, кои ги исполнуваат критериумите за „веројатен случај” на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца, согласно дефиницијата на Светската здравствена организација.
За овие случаи не била потребна посебна терапија, не постоеле никакви компликации и децата се во одлична здравствена состојба.