Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека не е предвидена средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Самитот на Г-20.
Прајс истакна дека е предвидено на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на Бали, да се разговара против руската инвазија врз Украина.
– Не сум во позиција да ја објаснувам кореографијата на претстојниот Самит, но секако не би очекувал средба меѓу секретарот Блинкен и министерот за надворешни работи Лавров, наведе Прајс.