Тупанчески: Ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен

Состојбата со недостаток на судии може да се надмине со внатрешна реорганизација на судството. Тоа нема да биде едноставно, но јас сум оптимист дека ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Бројот на судиите во нашето општество, Тупанчевски одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата зграда на Управниот суд, рече дека е природно намален поради генерациска смена на судиите и за ова било сигнализирано уште на почетокот, но секогаш постои можност за надминување на состојбата со повеќе законски текстови.

– Последната изјава на претседателот на Собрание беше дека седницата е прекината и останува неизвесно како ќе биде предложено, кога ќе биде предложено и дали ќе биде продолжена. Во меѓувреме не смееме да останеме со скрстени раце. Напротив, треба да изнајдеме решение оптимално за да може да се одговори адекватно на предизвикот којшто настана после 30 јуни, појасни Тупанчевски, во однос на можноста за продолжување на рокот за одење во пензија на судиите.

Тупанчевски, исто така, појасни дека тие се движат име во рамките на сопствените ингеренции во изнаоѓањето на решение за овој проблем.

Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, рече дека во овој период се пензионираа четири судии во Управниот суд.

– Мислам дека во брзо време ќе треба да се изнајде решение за како тоа судството да не се остави во независна позиција со оглед на бројот на предмети, а и менталитетот воопшто во тој дел, изјави Сејдини.

Тој, исто така, посочи дека секој судија вообичаено работи со околу 200 предмети, од 170 до 200 предмети, така што 800-те предмети веднаш се прераспределени на постоечките судии и веќе се во работа.

Треба да знаете
Последни објави