Прекинато водоснабдување утре неколку часа ќе имаат корисниците од дел од улицата „Народен Фронт” (од број 3 до број 17) и „Васил Ѓорѓов” зграда бр. 18 и 20, како и дел од ул.„Борис Трајковски”, крак 3,5,7,9 и потегот од крстосницата со бул.„Србија” до бензинската пумпа „Марија Трејд”, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот во водоснабдувањето се дефект на два затворачи ф-80 мм на ул.„Народен Фронт” бр. 3 и уличен дефект ф-300 мм на ул.„Борис Трајковски” 2/1.
Водоснабдувањето на дел од улицата „Народен Фронт” (од број 3 до број 17) и „Васил Ѓорѓов” зграда бр. 18 и 20 ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот, а на дел од ул.„Борис Трајковски”, крак 3,5,7 ,9 и потегот од крстосницата со бул.„Србија” до бензинската пумпа „Марија Трејд” од 8 часот до завршување со санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација.