Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид во изградбата на новата фекална канализација на улицата Софиска во населбата Тафталиџе во општина Карпош.

– Реализираме проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош, а истовремено решаваме долгогодишни проблеми на околните жители со инфраструктурата во овој дел на градотНа улицата Софиска во  населбата Тафталиџе изградена е нова линија по самата улица, а се интервенираше и на постоечкиот систем во оваа населба со цел подобрување на досегашниот начин на одведување на отпадните води  – изјави Арсовска.

Новата линија за одведување на отпадните води со вкупна должина од  410 метри, се приклучи на постоечката фекална канализација на улицата Московска со дијаметар од 400мм.

– Изградбата на нова фекална канализација во Тафталиџе е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација, чија реализација е завршена во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје – истакна Перински.

Треба да знаете
Последни објави