Македонскиот фудбалски претставник Академија Пандев во третото по ранг европско клупско натпреварување Конференциската лига доживеа убедлив пораз од полската Лехија во Гдањск (4:1) и за реваншот по седум дена во Скопје ги сведе своите шанси за пласман во второто квалификациско коло на теорија. Во третиот европски меч тимот од Струмица го постигна првиот европски гол откако пред три години дебитираше на меѓународна сцена.
Душан Јоковиќ на девет минути пред крајот беше стрелец на почесниот гол за струмичани.
Португалецот Флавио Паишао со три погодока и еден на Лукаш Зволински го решија прашањето на победникот уште по само четириесетина минути игра, па прашање беше само какво ќе биде крајниот резултат.
Овој меч имаше 40 минутен прекин поради дивеењето на домашните хулигани кои се испотепаа меѓусебе уште на самиот старт од мечот.



