На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби претходно изјави дека како владејачко мнозинство сметат дека сите документи кои што се доставени од Брисел и сите билатерални документи кои што се усогласуваат со Софија треба да се поднесат во Собранието каде што парламентарните политички партии треба да отвораат конструктивен дијалог и да одлучуваат по овие документи и потоа да ја заложат Владата со заклучоци по однос на информацијата што ќе ја добијат да постапува.
Груби посочи дека во заклучоците стриктно се забранува на оваа и на било која идна влада да донесе било каква одлука и да преговара по било какви услови по однос на историските, културните, јазичните особености на македонскиот народ, но и на сите други заедници во Република Северна Македонија.
Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност. Посочи дека протоколот не е потпишан, туку е усогласуван веќе подолго време и тоа откако е потпишан Договорот за добрососедство на 1 август 2017 година.



