Шаќири задоволен и од победата со два гола разлика

Артим Шаќири, тренерот на тетовскиот фудбалски прволигаш Шкендија не го криеше задоволството од победата по мечот со ерменскиот Арарат (2:0) во првото квалификациско коло од Конференциската лига остварена во Скопје.

-Можевме да победиме со поголема разлика, но и овие 2-0 се одличен резултат. Нѐ чекаат уште 90 пеколни минути, знам какво е времето таму, но ќе мора да играме и нема откажување. Имаме време до четврток, ни направија две шанси каде што можеа да нѐ загрозат, но ќе анализираме, ќе ги поправиме грешките за да не ни се случат на реваншот. Се виде дека сакаа да направат нешто за да нѐ спречат каде што сме најсилни, но ние нашите шанси ги реализиравме за да победиме, рече Шаќири.

Треба да знаете
Последни објави