Изјава за јавност од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, реакција на изјавата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој најави раскинување на коалицијата на Алијанса за Албанците со Арсовска.
-Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува. Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат, вели Арсовска.



