На социјалната мрежа Фејсбук е објавено целосно видео од инцидентот кај Скендер бег. На него се гледа дека група најпрво фрла шишиња од надвозникот врз колоната луѓе кои се дел од протестот против францускиот предлог. Тоа предизвика револт и реакција кај демострантите.
Групата од надвозникот продолжи да фрла шишиња и покрај тоа што веднаш до нив стоеа неколку полицајци.
На видеото се гледа дека од зад хотелот се појави и лице кое држи пиштол во рака и го вперува кон демонстрантите но и полицајците.
Насобраните револтирано викаа по полицијата барајќи да го уапси пиштолџијата.
При крајот на снимката се гледа како доаѓаат специјалци кои ги приведуваат лицата кои провоцираа. А според информациите од МВР уапсен е и пиштолџијата.



