редба на претседателот Пендаровски со Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Бишваџит Банерџи, експерт од областа на меѓународната монетарна политика, поранешен шеф на мисијата на ММФ, кој престојува во посета на Северна Македонија по повод одбележувањето на 30 години од монетарното осамостојување. Јубилејот беше повод и за отворањето на изложбата „В/редности и вредности” во Музејот на Народната банка, посветена на уметноста на македонските банкноти, а на која присуствуваше и претседателот Пендаровски.

На средбата се разговараше за тековните глобални економски и финансиски предизвици, како и за реакциите на централните банки на кризите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина. Соговорниците разменија мислења и информации за тековната монетарна политика во Северна Македонија, за предизвиците за периодот што следи и за општата економска состојба во државата.

Треба да знаете
Последни објави