Ѓоковиќ му даде сет предност на Нори, па го збриша за осмо финале на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во своето осмо финале на најпрестижниот гренслем турнир Вимблдон и ќе ја брани ланската круна, откако попладнево во четири сета го победи домашниот миленик Камерон Нори со 2-6, 6-3, 6-2, 6-4

За Ѓоковиќ ова е 32-ро финале на гренслем-турнирите и ќе се бори за својата 21-ва круна против контроверзниот Австралиец Ник Кирјос, кој безигра обезбеди пласман во големото финале после откажувањето на Рафаел Надал од завршницата поради повреда.
Ѓоковиќ има шест титули на Вимблдон, па сега против Кирјос ќе игра за седма, а само еднаш загуби финале на „Олд Ингланд Клубот“ од Енди Мареј во 2013 година во три сета.

Лошо тргна Србинот во мечот, со изгубен прв сервис, а откако го врати за да се врати во игра, ги загуби и следните два за Нори убедливо да го добие првиот сет, ама и да го разбуди рекордерот по број на недели на АТП, па Ѓоковиќ заигра како што знае и потоа со три сета во низа успеа да дојде до финале. Во вториот сет после израмнета битка, во деветиот гем направи брејк за да израмни, за во третиот да биде уште поубедлив. Експресно му зема сервис на противникот, во петиот гем направи уште еден брејк за убедливи 4-1 и сигурно освојување на сетот.

Во последниот четврти сет исто сценатио како претходниот, на стартот му направи брејк на Нори, а потоа со сигурен свој сервис дојде до конечната победа, иако имаше четири брејк топки во петтиот гем кои не ги искористи за побрзо да ја заврши работата.

Треба да знаете
Последни објави