АМСМ: Нормализиран сообраќајот на неколку патишта, се препорачува прилагодена брзина на движење на возилата

Нормализиран е сообраќајот на патиштата Скопје-Штип кај Кадрифаково, кај Плетвар, Струмица – Радовиш кај с.Василево и Штип – Велес кај с.Сарамзалино, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата, како што посочуваат од АМСМ, се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државава поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави