Граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог, попладнево го блокираа булеварот пред Владата. Блокади се најавени и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.
Блокадите се одржуваат денес, а за в недела е најавен нов протест под мотото „Ултиматиум, не благодарам”. Протести во Скопје се одржаа и изминатите шест дена, дел од нив поминаа со инциденти. Протестите се поддржани од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.