Најтрофејниот тенисер со освоени 22 гренд-слем титули, Шпанецот Рафаел Надал вчера објави дека се повлекува од полуфиналната пресметка на Вимблдон против Ник Кирјос поради повреда. Кирјос ќе се пласира директно во финалето, но многумина се незадоволни поради тоа и сугерираат промена на правилата.
Организаторите потврдија дека ќе ги рефундираат средствата за гледачите кои веќе ги купиле влезниците за полуфиналниот меч, но се појавија гласини дека Вимблдон треба да воведе правило „лаки лузер“, односно среќен губитник за да нема пласман во финале без борба. Во конкретнава ситуација „лаки лузер“ би бил Тејлор Фриц кој загуби од Надал во четвртфиналето.
Организаторите на Вимблдон размислуваат да го воведат правилото „лаки лузер“ за повторно да не се случи да не се одигра меч на турнирот. Ако важеше ова правило, Фриц денеска ќе имаше шанса против Кирјос да се бори за пласман во финалето, иако испадна во четвртфиналето. Ова правило би било добро од спортски аспект, но и од организациски, бидејќи не би имало откажани натпревари.