ДПТ го поддржува полноправното членство на земјата во ЕУ, но бара вклученост на Турците во важните одлуки за државата

Ние како Турци на Република Северна Македонија во овие тешки денови очекуваме од владеачката коалиција и од партиите во опозицијата да бидат повнимателни околу прашањето за ветото и околу предложените решенија со цел да се спроведат практики кои ќе бидат пример за нашата мултиетничка држава, соопштија од Демократска партија на Турците кои исто така бараат поголема вклучителност во носењето на важните одлуки во државата, затоа што, како што велат, Турците никогаш немале политички претставници во Собраниските работни групи кои расправале и вршеле евалуација на многу битни прашања кои се од заеднички интерес на државата.

– Во последните 20 години нашата земја е потписник на повеќе меѓународни договори. Како трет по бројност народ ние Турците на Република Северна Македонија никогаш не сме имале политички претставници во Собраниските работни групи, кои расправале и вршеле евалуација на многу битни прашања кои биле од интерес на нашата заедничка држава, се вели во соопштението на ДТП.

ДТП, исто така, нагласуваат дека тие никогаш немале политички претставници во овие работни групи кога се дискутирало и за многу битни закони кои биле од интерес на сите граѓани или кога било од значење за мултиетничкиот карактер на државата, каде што се наведува примерот за одлуката на Изборниот законик.

– За жал ваквите ставови и политички практики за земја која се стреми да стане членка на ЕУ е голема контрадикторност. Заштитата, унапредувањето и развојот на правата на помалубројните заедници и нивната вклученост во политичкото секојдневие е една од најбитните принципи на ЕУ, велат од ДТП.

Истакнато е дека Турците во овие тешки денови очекуваат од владеачката коалиција и од партиите во опозицијата да бидат повнимателни околу прашањето за ветото и околу предложените решенија со цел да се спроведат практики кои ќе бидат пример за нашата мултиетничка држава.

-Не треба да се заборави и да се занемари фактот дека во нашата земја живеат многу различни народи и дека е многу тешко да се постигне рамнотежа околу ова прашање и дека употребените зборови и постапки треба да се изразат на начин што нема да му наштети на мултиетничкиот карактер на државата, потенцираат од ДТП.

Во врска со вознемиреноста на опозицијата за одредени точки на Францускиот предлог, велат дека е потребен поширок консензус за успешно надминување на актуелната политичка криза, и дека по зачленувањето во НАТО, државата треба да ги забрза своите чекори за полноправно членство во ЕУ и да продолжи со исполнување на превземените обврски и реформи во сите свери.

– Сите наши иницијативи и заложби не треба да имаат друга цел освен полноправно членство во ЕУ. Сите сме свесни дека севкупниот развој, благосостојбата, безбедноста а особено економскиот развој на нашата земја е можна само со полноправно членство во ЕУ. Затоа превземањето на одговорност и реализацијата на превземените обврски се од суштинско значење за нашите заеднички заложби за полноправно членство во ЕУ, потенцираат од ДТП. с

Треба да знаете
Последни објави