Едночасовна блокада на патот Струмица – Радовиш

Со едночасовна блокада на патот Струмица – Радовиш кај крстосницата за селото Василево граѓани од повеќе општини од Југостичниот регион со мирен протест го искажа своето незадолство од францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

Според нив, државата се наоѓа пред асимилација и бугаризација и се тргнува во еден лавиринт од кој нема излез со кој се подготвува влез кој ќе биде бесконечно преговарање.

-Бараме од премиерот Ковачевски да го слушне својот народ, да ги слушне повиците на илјадници луѓе кои маршираа во главниот град еден до еден и кои кажаа не, не прифаќаме вакво понижување. Време е да се слушне македонскиот народ и да престанат со игрите и тоа што го слушаме дека предлогот ќе дошол во Собрание. Оттука заедно со други колеги пратеници ве уверуваме дека ВМРО ДПМНЕ нема да го даде потребното мнозинство, рече пратеникот Миле Левков и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Според него, власта преговара за еден мртов предлог затоа што го нема потребното мнозинство за отворање на Уставот и на овој начин се правело само дополнителна поделба и дополнително формализирано понижување на македонскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави