Зеленски: Украина нема да жртвува дел од својата територија за мир со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека Киев не е подготвен да жртвува дел од својата територија за мир со Русија.

Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја, наведе Зеленски.

Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за независност на Доњецк и Луганск, украински територии, а на 24 февруари Русија изврши инвазија врз Украина.

Треба да знаете
Последни објави