Краткото невреме откорна дрвја во Охрид

Откорнати дрвја од краткото невреме со дожд и ветер што попладнево го зафати Охрид го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања.

Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец” го расчистуваат теренот.

– Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на Болницата, соопшти претпријатието.

Според информацијата, нивни екипи расчистувале и на други локации низ градот, меѓу кои и паднато дрво на улицата „ 7-ми Ноември”.

Треба да знаете
Последни објави