Платини и Блатер ослободени од вина за финансиски измами

Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона.

Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година.

Поранешниот претседател на ФИФА, Блатер, и поранешниот прв човек на УЕФА, Платини, тврдеа на судскиот процес дека не извршиле кривично дело, а оти тој износ бил на име на хонорар на Платини, кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога.

– За многу работи во мојот живот сум бил виновен, но во овој случај сум невин, изјави Блатер при влегувањето во судската сала да ја слушне пресудата.

Судењето траеше 11 денови, а беше одржано во Федералниот кривичен суд во Белинцона.

Треба да знаете
Последни објави