Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира Форум Еуропеум 2022 – „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: што претстои?”.
Учесниците на форумот ќе дискутираат за состојбата на Западен Балкан и ЕУ во 2022 година и актуелните предлози за реформирање на процесот на пристапување во ЕУ.
Форумот е хибриден, а целта е да се направи преглед на тековните случувања и да се разгледаат актуелните предлози за реформирање на механизмите на процесот на пристапување, како и на пошироката европска архитектура.
Предвидени се два панели, на кои онлајн ќе се вклучат учесници од Тирана, Атина, Прага, Брисел, Фиренца.
На вториот панел насловен „Што претстои? Актуелни предлози за реформирање на процесот на пристапување во ЕУ”, како што е најавено, ќе се обратат евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас, директорката на ЕПИ Симонида Кацарска…