Советот на Руската Федерација (Горниот дом на Парламентот) им забрани на британските дипломати, вклучително и на амбасадорот, да влезат во зградата на Парламентот.
Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, рече дека одлуката е одговор на сличното ограничување наметнато за руските дипломати од страна на Британија.
„Одлуката е прилично едноставна, иако непријатна. Сепак, ситуацијата тоа го бараше. Нашата земја мора да покаже цврстина, бранејќи ги своите позиции и достоинство”, објасни тој.
На 20 јуни, британскиот весник Гардијан објави дека пристапот до зградата на британскиот Парламент е забранет за руски дипломати поради војната во Украина.