– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија” нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”.
„Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г20, а тоа е глобалната економија. Разговорот отстапи од темата кога западните дипломати почнаа со налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина”, рече Лавров.
„Агресори, окупатори, освојувачи…многу такви нешта се изнаслушавме денеска”, изјави Лавров.