Лавров: Русија подготвена на преговори со Киев и Анкара по однос украинското жито

Русија е подготвена за преговори со Украина и Турција во врска со украинското жито, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред медиумите по министерската средба на земјите од Г20 што се одржува во индонезиското летувалиште Бали.

„Ние сме подготвени за преговори со нашите украински и турски колеги”, рече тој без притоа да појасни каде би се одржале преговорите.

Рускиот МНР потенцираше додаде дека воената морнарица има клучна улога во преговарачкиот процес по прашањето за транспорт на жито преку пристаништата на Црното Море.

Лавров уште додаде дека западните земји продолжуваат со обидите да ги блокираат испораките руско жито на земјите со кои веќе е договорен извоз.

„Статистиката многу јасно покажува дека житото блокирано во украинските пристаништа е помалку од еден процент од вкупното светско производство. Оттаму тоа навистина нема никакво влијание врз обезбедувањето храна. Потребно е само Западот да престане вештачки да го блокира спроведувањето на нашите испораки до земјите што имаат потпишано договор за нашето жито”, додаде шефот на руската дипломатија.

Лавров уште истакна дека доколку Западот не сака преговори туку победа на Украина на бојното поле, тогаш веројатно Русија нема за што да разговара.

„Со таков пристап не и се дозволува на Украина да тргне во мировен процес”, рече Лавров.

Треба да знаете
Последни објави