Постојат индикации, дека ДУИ го штити еден од пиштолџиите од инцидентот кај Мавровка, кој се случи на петтиот ден од сенародниот протест против бугаризација, како кулминација на сценарио на пробугарската СДС и терористичкото ДУИ за подгревање на меѓуетнички тензии.
Можно е за вториот пиштолџија, кој е идентификуван како Садула Рустеми, да нема мерка притвор. Ова е спротивно на генералната правна пракса во Република Македонија, во која се содржи навика за одредување мерка притвор за се и сешто. Сепак, во овој случај со идентификуваниот пиштолџија Садула Рустеми, кој за време на инцидентот кај плоштадот Скендербег на 6-ти јули 2022 година, впери пиштол кон толпа граѓани и се закануваше со полу-автоматското оружје, нема притвор.
Многу веројатно е дека правосудните органи повторно потклекнаа пред притисокот од ДУИ. Пиштолџијата Садула Рустеми, според одредени медиуми, влече поврзаност со терористичката ДУИ преку неговиот шура Енвер Селами, кој е началник на ПС Бит Пазар – кадар на фамозната дестабилизаторска партија на власт.
Сево ова, не наведува на сомневање, дека пропустот со обезбедувањето на критичната точка за време на поворката на демонстраторите, е оркестрација на ДУИ преку свои кадри во полицијата, бидејќи плоштадот Скендербег се наоѓа во станичното подрачје на ПС Бит Пазар, кадешто шурата на пиштолџијата е началник.