Македонската женска тениска репрезентација во полуфиналето на Били Џин Кинг Купот од 3. евро-африканска зона кој се одржува во Скопје, по двата сингл меча обезбедија победа против Косово (2:0) и се пласираа во финалето.
Македонските тенисерки ќе има можност да се пласираат во повисок ранг на ова натпреварување ( втората евро-африканска зона), но ќе треба да го победат и подобриот од дуелот меѓу Португалија и Република Ирска.
Победата за Македонија ја обезбедија Магдалена Стоилоковска и Лина Ѓорчевска. Прво Стоилковска со 2-0 во сетови беше подобра од Доника Башота, а македонската најдобра тенисерка Ѓорческа со 6-2 и 6-2 славеше над Адријана Лекај.