Русија тврди дека уништила британски проектили донирани на Украина

Руското Министерство за одбрана денеска информираше за уништени два противбродски ракетни система „Харпун” од страна на руските сили.

Станува збор за напредни проектили што Велика Британија ѝ ги испрати на Украина, со цел да може да ги напаѓа руските воени бродови во Црното Море.

Русите тврдат дека системите што Велика Британија ѝ ги испрати на Украина, се уништени во Одеса.

Руските тврдења се уште не се потврдени.

Треба да знаете
Последни објави