Убиецот на Абе му бил цело време зад грб, го чекал да се качи на бината

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина денеска откако беше застрелан во тек на говор во градот Нара. Напаѓачот веднаш беше уапсен. Се работи за поранешен припадник на јапонските поморски одбранбени сили.

Тој е идентификуван како Тецуја Јамагами (41). На фотографиите од местото на случуваањата се гледа како напаѓачот стои за Абе се додека тој се качува на бината за да одри говор. Убиецот му пришол на екс-премиерот од непосредна близина и испукал два куршуми од пиштол кој само го изработил.

Во текот на истрагата полицијата во неговата куќа пронашла и одредена количина експлозив.

Треба да знаете
Последни објави