Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).
Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.
СПИСОК НА ЛОКАЦИИ КАДЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ ОРГАНСКИ ОТПАД:
1. општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; во близина на мостот на патот кон Визбегово; во близина на Хамдипашината џамија; во близина на општината Шуто Оризари.
2. општина Бутел – во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.
3. општина Гази Баба – стадион ФК Фортуна; стадион Гази Баба.
4. општина Чаир – поранешна локација на ЈПХКС-Серава; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик.
5. општина Сарај – кај старата општина Сарај; кај езерото Треска; кај СИУ Медреса Иса Бег во с.Кондово.
6. општина Карпош – Населба Долно Нерези.
7. Арачиново – поранешен плац, во центарот на селото-кај Касапот.
8. општина Студеничани – во центарот на с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци.
9. Поранешно седиште на Муфтиството-Скопско Кале.