Наумов: Вакцината против Ковид-19 е безбедна, долгорочните ефектите допрва ќе се чувствуваат

Вакцината против Ковид – 19 е безбедна, но ќе биде потребен подолг период за да се истражат долгорочните ефекти кај човекот, поради забрзаниот процес за нејзина употреба. Тоа го посочи универзитетскиот професор и научник во областа на хемијата Панче Наумов, кој е основач на одделот за хемија на дисперзираниот огранок на универзитетот „Њујорк – САД” во Абу Даби.

Наумов, кој е роден штипјанец, живее и работи во Обединетите Арапски Емирати, е единствениот Македонец кој се закитил со „Златна виза” за неговиот придонес во науката во таа држава. Во хемиската лабараотрија со која раководи се вршеле истражуавња за вакцини против коронавирусот уште на почетокот на пандемијата.

На почетокот од новиот бран на коронавирусот, тој забележа дека постои разлика со претходните, бидејќи поголем дел од населението е вакцинирано и организмот им е подготвен да се бори. Забележа дека овој вирус во Америка веќе го третирале како настинка или грип.

– Ние сме веќе подготвени тоа да не е смртоносно како болест, туку нешто што ќе помине со полесни или потешки симптоми во зависност на личноста и имунитетот. Моментално е на ниво на потешка настинка која ќе помине, истакна Наумов.

Големите компании со кои соработувал, постојано работеле на усовршување на вакцините, бидејќи, според него, потребен е подолг временски период да се осигура безбедноста на една вакцина.

– Воведување на нова вакцина не е лесна работа. Потребни се меѓу седум и десет години за вакцината да се осигура, да ги помине сите регулаторни бариери за да се осигураме дека таа ќе биде безбедна за голем спектар на луѓе. Затоа што различни луѓе со различни физички предиспозиции, старосна граница, историја на болест и така натаму, имаат различен начин на одговор на вакцините, рече Наумов.

Во екот на пандемијата, нагласи, дека немало можност за тестирање на вакцините во толкав период, но според статистиката, кај малку луѓе имало сериозно реакции по примањето.

– Според она што е објавено во научната литература кога се гледа статистички, многу мал број на луѓе имаа реакции кои што беа сериозни. Значи такви случаи имаше меѓутоа кога тоа ќе се пресмета и спореди со други вакцини какви што се полио, маларија и т.н., вакцината против корона не беше ништо пострашна и ништо потешка врз основа на статистиките кои ги добивавме, појасни македонскиот научник со светско портфолио.

Како научник, нагласи, прерано е да предвиди какви последици и долгорочни ефекти ќе остават вакцините врз луѓето, бидејќи пандемијата не дозволи доволно време тие да се тестираат во три до четири фази пред нивната широка употреба.

– Ефектите од тој забрзан процес ќе се почувствуваат малку подоцна. Но морам да кажам, бидејќи толку многу луѓе работат во академски институции и компании можеме да очекуваме дека тоа што сме го постигнале до сега има ефект, короната веќе не е смртоносна болест како што беше на почетокот. Вирусот е таква материја која постојано се менува и ќе евулуира, рече Наумов.

Како научник, нагласи дека секогаш мора да има проверени информации, но прерано е да се предвидат последиците од примените вакцини, додавајќи дека тој е вакциниран со три дози. Такви испитувања, подвлече, може да се направат откако ќе помине доволно време за да се предвидат долгорочните ефекти.

Треба да знаете
Последни објави