Контроверзниот тенисер Ник Кирјос често го напаѓаше Новак Ѓоковиќ во претходните години, но оваа година нешто се промени по депоратацијата на Србинот од Австралија.
Двајцата тенисери се во подобри односи пред финалето на Вимблдон, каде што ќе се соочат утре, а притоа имаа интересен разговор на Инстаграм, по што падна и облог.
Кирјос објави слика од разговорот меѓу нив двајца и го праша Ѓоковиќ дали се сега пријатели, по што Србинот му кажа дека ќе одат на вечера, но победникот во финалето ќе плати.
Австралиецот ја прифати понудата и тоа е дополнителна најава за интересно и возбудливо финале во кое Ѓоковиќ ќе ја брка неговата 21. гренслем-титула.
Претходно денеска имаше блиска средба на двајцата тенисер на терените во Вимблдон, во паркот Аоранги каде Ноле и Ник тренираа. Работеа на соседните терени, Новак за спаринг имаше тенисер од Хрватска, Мили Пољичак. Австралиецот го забележал Новак како тренира, а кога Новак го видел Ник на шега му рекол.
„Ти требаа пет години да кажеш нешто убаво за мене“, на што контроверзниот Киргиос со насмевка на лицето одговорил:
„Те бранев кога беше важно!
-Го ценам тоа, му вратил популарниот Ноле.
Двајцата тенисер размениле уште неколку зборови, а потоа Киргиос отишол на другата страна каде го продолжил својот тренинг.