Петровска: Единството и еднаквоста нека бидат наши водилки на патот кон развој и напредок

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам празникот Курбан Бајрам.

-Во духот на празникот, споделете ја среќата, радоста и љубовта со сите оние на кои им е потребна, во знакот на вистинските човечки и верски вредности. Во вековната традиција на соживот и разбирање, благородните пораки што ги испраќа овој празник на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста, нека бидат наши водилки на патот кон развој и напредок, пишува Петровска во честитката објавена на нејзиниот фејсбук профил. 

Треба да знаете
Последни објави